Saturday, May 11, 2013
Класификација и евалуација
Класификација:
1. Лесна ментална ретардација
2. Умерена ментална ретардација
3. Тешка ментална ретардација
4. Длабока ментална ретардација
Евалуација:
1. Физички преглед:
a. Невролошка егзаминација (невролошки абнормалности)
b. Соматски егзаминација (физички стигмати,дисморфо-логија)
2. Стандардизирани психолошки тестови за интелигенција
1) Лесна ментална ретардација
Тоа е најлесен степен на интелектуален дефицит, со количник на IQ од 50 до 70 и ментална возраст на 11-годишно незаболено дете.Едукативната категорија ‘‘можат да научат‘‘ опфаќа можност лицата да можат да научат да зборуваат и да се грижат за себе, па во се и независни во практичните и домашните работа.Растројството е познато и под следниве термини: ‘‘Слабоумност‘‘, ‘‘Лесна ментална субнормалност‘‘ , ‘‘Лесна олигофренија‘‘ и ‘‘Морон‘‘.Претставуваат 85% од сите облици на ментална ретардација.
Главните тешкотии се појавуваат околу школувањето , бидејќи потешко сфаќаат од нормалните деца и потешко научуваат да читаат и да пишуваат.Оние кое се наоѓаат на погорното скалило со коефициентот , со повеќе труд може да се достигнат и повисок степен од школувањето.Во главно , тие деца со забавено перципирање, забавено расудување , со тешкотии во помнењето ,во водењето на мисловниот процес(особено во способностите за синтеза, анализа, апстракција и генерализација), сиромашни со знаење , со емоционална лабилност, несигурност и раздразливост , со сиромашен и стереотипен говор и со зголемена сугестибилност.
Со ваков интелектуален развој децата не се способни да го следат редовниот образовен систем и наставата им се изведува според посебна програма развиена за нивното ментално ниво.Со голем индивидуален и колективен( семеен и воспитувачки) труд,лицата можат да се оспособат за одредени занимања ( на ниво на полуквалификувани).Поради нивната подзасилена сугестибилност , тие можат да бидат искористени од разни криминалци за изведување криминални или недозволени дејства.
2) Умерена ментална ретардација
Умерената ментална ретардација се каректеризира со задоцнет психомоторен развој, сиромаштво во говорот, неспособност за апстракција и генерализација, физички стигмати (моторна инсуфициентност , телесни абнормалности и конгенитални малформации), безволност, апатичност ,
торпидност или пак со еретичност и агресивност. IQ од 35 до 49 и ментална возраст на 8-годишно здраво дете.Растројството е познато и под следниве термини: ‘‘Имбецилност‘‘ , ‘‘Умерена ментална субнормалност‘‘ , ‘‘Умерена олигофренија‘‘.
Препознавањето на овие деца е многу полесно од претходната категорија бидејќи, како што може да се види, нивните симптоми се многу повидни по породувањето.Процесоте на едукација се изведува во посебни училишта , организирани во вид на заводи со специјална намена.Едукативниот процес е долготраен, напорен и систематичен и одговара на едукативната категорија ‘‘може да извежба‘‘.И покрај целиот труд , детето може да се едуцира за едноставни работи во заштитни работилници.Претставуваат 10% од вкупниот број на менталното ретардираните лица
.
3) Тешка ментална ретардација
Тешката ментална ретардација се каректеризира со изразито забавен психомоторен развој,многубројните физични стигмати, растројства во локомоторниот систем,неразвиен говор и со чести епилептични напади.Нивниот IQ изнесува од 24 до 34, а менталната возраст на деца од 5- годишна возраст.Растројството е познато под терминот ‘‘Тешка олигофренија‘‘.
Со упорна едукација во специјализирани установи, тие можат да се оспособат за наједноставни физички работи кои ги извршуваат под засилен надзор.Лицата со ваква ментална ретардираност не можат да живеат самостојно и до крајот на животот имаат потреба од старател.
Со упорни вежби водени од стручни профили , тие можат на научат елементарен говор и да ги контролираат хигиенските навики.Опфаќа 3 до 4% од лицата со ментална ретардација.
4) Длабока ментална ретардација
Длабоката ментална ретардација одговара на ментална возраст од 2 до 3 години , со IQ до 20 .Тоа се деца со тешки физички стигнати како последица од конгенитални малформации, со сиромашен и неразбирлив говор , со неможност да ги контролираат хигиенските навики , изразито еретични и агресивни, со некоординиран и несигурен од и со чести епилептични напади.Растројството е познато и под следниве термини: ‘‘Идиопатија‘‘ , ‘‘Длабока ментална субнормалност‘‘ и ‘‘Длабока олигофренија‘‘.
Лицата со ваквата ретардираност најчесто се сместени во специјални социо-медицински установи и таму остануваат да вегетираат до крајот на животот , под специјален и засилен надзор, бидејќи се неспособни и за наједноставен самостоен живот и за наједноставна физичка и автоматизирана работа.Бидејќи се мошне подложни на различни интеркурентни заболувања нивниот животен век е многу покус од преостанатите категории.Опфаќа 1-2% од ментално ретардираните лица.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment