Monday, May 13, 2013
ШТО Е МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА?
Менталната ретардација ,според Меѓународната класификација на болести,10 ревизија (МКБ-10), е состојба на запрен или нецелосен психичкиот развој, особено на оние способности кои се јавуваат во текот на развојниот период и кои придонесуваат за општото ниво на интелигенцијата , како што се когнитивните,говорните,моторните и социјалните способности.
Нејзино битно бележје е потпросечното интелектуално функционирање
дефинирано со коефициентот на интелигенција (IQ),кое е проследено со значајни ограничувања на адаптивното функционирање на најмалку две од следниве вештини: комуницирање, грижа за себе си ,живот во сопствениот дом, социјални/ интерперсонални вештини , употреба на заеднички вештини и средства, самонасоченост, функционални академски вештини , способност за работа , способност за организација на слободното време, здравје и сигурност.Растројството се манифестира со или без ( или со минимални) растројства на однесувањето и почнува пред 18-та година.
Причините за настанување и за развој наа менталната ретардираност се многубројни и најчесто е тешко да се обвини само еден фактор кој придонел интелигенцијата да запре во нејзиниот развој.Глобално, тие можат да бидат примарни и стекнати, биолошки, психосоциолошки или комбинација меѓу двете.Обично потешките облици со IQ под 50 се предизвикани од еден фактор, додека полесните од повеќе.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment