Monday, May 13, 2013

ШТО Е МЕНТАЛНА РЕТАРДАЦИЈА?


Менталната ретардација ,според Меѓународната класификација на болести,10 ревизија (МКБ-10), е состојба на запрен или нецелосен психичкиот развој, особено на оние способности кои се јавуваат во текот на развојниот период и кои придонесуваат за општото ниво на интелигенцијата , како што се когнитивните,говорните,моторните и социјалните способности.
Нејзино битно бележје е потпросечното интелектуално функционирање
дефинирано со коефициентот на интелигенција (IQ),кое е проследено со значајни ограничувања на адаптивното функционирање на најмалку две од следниве вештини: комуницирање, грижа за себе си ,живот во сопствениот дом, социјални/ интерперсонални вештини , употреба на заеднички вештини и средства, самонасоченост, функционални академски вештини , способност за работа , способност за организација на слободното време, здравје и сигурност.Растројството се манифестира со или без ( или со минимални) растројства на однесувањето и почнува пред 18-та година.
Причините за настанување и за развој наа менталната ретардираност се многубројни и најчесто е тешко да се обвини само еден фактор кој придонел интелигенцијата да запре во нејзиниот развој.Глобално, тие можат да бидат примарни и стекнати, биолошки, психосоциолошки или комбинација меѓу двете.Обично потешките облици со IQ под 50 се предизвикани од еден фактор, додека полесните од повеќе.

Sunday, May 12, 2013

Форензично значење на менталната ретардација


Кривично-правното значење на ментално ретардираните лица е големо , бидејќи заедно со психопатите тие го сочинуваат поголемиот процент од прекршителите на законот.Според прочуениот судски психијатар Јефтиќ како крадци тие се во 31%, како сексуални престапници 36,5% .И други епидемиолошки истражувања говорат дека во општиот криминалитет ментално ретардираните лица учестуваат најмалку со една третина.
Од форензичен аспект , длабоката и тешката ментална ретардација немаат некое особено значење , бидејќи со својот коефициен до 20 (длабоката) до 34 (тешката) тие тешко се движат и расудуваат, па многу ретко директни извршители на некое кривично дело.Почесто се жртва на некој криминалец кој сака да се стекне со нивната имотна состојба.

Во општиот криминалитет далеку енајголем , процент отпаѓа на лесно ментално ретардираните со IQ од 50 до 70 и умствената возраст на 11- годишно дете.Поради нивната зголемената сугестибилност , тие најчесто се користени од другите криминалци кои на нив стекнуваат имовна корист.Освен сугестабилноста, кај нив недостасува способноста за добро проценување на корисноста на делото, способноста за предвидување на последиците и сл. Пресметливоста е зависна од коефициентот на интелигенцијата, односна од способноста да го сфати значењето на делото и способноста да управува со своите постапки(когнитивност и контивност).Колку што е понизок IQ , толку е намалена способноста за расудување и управување и толку е доведена во прашање и пресметливоста.

Saturday, May 11, 2013

Класификација и евалуација





Класификација:
1. Лесна ментална ретардација
2. Умерена ментална ретардација
3. Тешка ментална ретардација
4. Длабока ментална ретардација

Евалуација:
1. Физички преглед:
a. Невролошка егзаминација (невролошки абнормалности)
b. Соматски егзаминација (физички стигмати,дисморфо-логија)

2. Стандардизирани психолошки тестови за интелигенција

1) Лесна ментална ретардација
Тоа е најлесен степен на интелектуален дефицит, со количник на IQ од 50 до 70 и ментална возраст на 11-годишно незаболено дете.Едукативната категорија ‘‘можат да научат‘‘ опфаќа можност лицата да можат да научат да зборуваат и да се грижат за себе, па во се и независни во практичните и домашните работа.Растројството е познато и под следниве термини: ‘‘Слабоумност‘‘, ‘‘Лесна ментална субнормалност‘‘ , ‘‘Лесна олигофренија‘‘ и ‘‘Морон‘‘.Претставуваат 85% од сите облици на ментална ретардација.

Главните тешкотии се појавуваат околу школувањето , бидејќи потешко сфаќаат од нормалните деца и потешко научуваат да читаат и да пишуваат.Оние кое се наоѓаат на погорното скалило со коефициентот , со повеќе труд може да се достигнат и повисок степен од школувањето.Во главно , тие деца со забавено перципирање, забавено расудување , со тешкотии во помнењето ,во водењето на мисловниот процес(особено во способностите за синтеза, анализа, апстракција и генерализација), сиромашни со знаење , со емоционална лабилност, несигурност и раздразливост , со сиромашен и стереотипен говор и со зголемена сугестибилност.

Со ваков интелектуален развој децата не се способни да го следат редовниот образовен систем и наставата им се изведува според посебна програма развиена за нивното ментално ниво.Со голем индивидуален и колективен( семеен и воспитувачки) труд,лицата можат да се оспособат за одредени занимања ( на ниво на полуквалификувани).Поради нивната подзасилена сугестибилност , тие можат да бидат искористени од разни криминалци за изведување криминални или недозволени дејства.

2) Умерена ментална ретардација

Умерената ментална ретардација се каректеризира со задоцнет психомоторен развој, сиромаштво во говорот, неспособност за апстракција и генерализација, физички стигмати (моторна инсуфициентност , телесни абнормалности и конгенитални малформации), безволност, апатичност ,

торпидност или пак со еретичност и агресивност. IQ од 35 до 49 и ментална возраст на 8-годишно здраво дете.Растројството е познато и под следниве термини: ‘‘Имбецилност‘‘ , ‘‘Умерена ментална субнормалност‘‘ , ‘‘Умерена олигофренија‘‘.
Препознавањето на овие деца е многу полесно од претходната категорија бидејќи, како што може да се види, нивните симптоми се многу повидни по породувањето.Процесоте на едукација се изведува во посебни училишта , организирани во вид на заводи со специјална намена.Едукативниот процес е долготраен, напорен и систематичен и одговара на едукативната категорија ‘‘може да извежба‘‘.И покрај целиот труд , детето може да се едуцира за едноставни работи во заштитни работилници.Претставуваат 10% од вкупниот број на менталното ретардираните лица
.
3) Тешка ментална ретардација

Тешката ментална ретардација се каректеризира со изразито забавен психомоторен развој,многубројните физични стигмати, растројства во локомоторниот систем,неразвиен говор и со чести епилептични напади.Нивниот IQ изнесува од 24 до 34, а менталната возраст на деца од 5- годишна возраст.Растројството е познато под терминот ‘‘Тешка олигофренија‘‘.
Со упорна едукација во специјализирани установи, тие можат да се оспособат за наједноставни физички работи кои ги извршуваат под засилен надзор.Лицата со ваква ментална ретардираност не можат да живеат самостојно и до крајот на животот имаат потреба од старател.


Со упорни вежби водени од стручни профили , тие можат на научат елементарен говор и да ги контролираат хигиенските навики.Опфаќа 3 до 4% од лицата со ментална ретардација.

4) Длабока ментална ретардација

Длабоката ментална ретардација одговара на ментална возраст од 2 до 3 години , со IQ до 20 .Тоа се деца со тешки физички стигнати како последица од конгенитални малформации, со сиромашен и неразбирлив говор , со неможност да ги контролираат хигиенските навики , изразито еретични и агресивни, со некоординиран и несигурен од и со чести епилептични напади.Растројството е познато и под следниве термини: ‘‘Идиопатија‘‘ , ‘‘Длабока ментална субнормалност‘‘ и ‘‘Длабока олигофренија‘‘.

Лицата со ваквата ретардираност најчесто се сместени во специјални социо-медицински установи и таму остануваат да вегетираат до крајот на животот , под специјален и засилен надзор, бидејќи се неспособни и за наједноставен самостоен живот и за наједноставна физичка и автоматизирана работа.Бидејќи се мошне подложни на различни интеркурентни заболувања нивниот животен век е многу покус од преостанатите категории.Опфаќа 1-2% од ментално ретардираните лица.




Етиологија





Постојат мноштво медицински фактори кои придонесуваат во појавата на дементниот синдром.Тие можат да бидат предизвикани од:


                      I.        Метаболички (вклучени и ендокрини) фактори
                    II.        Електрични активности (компрекс парцијални кризи, остиктални состојби, темпорален статус епилептикус)
                   III.        Неоплазми (примарни или метастатични мозочни неоплазми)
                  IV.        Долготрајна  употреба на некои психофармаколошки супстанции (лекови)
                   V.        Васкуларни растројства
                  VI.        Механички фактори (хедроцефалус, кранио-церебрална траума, субдурален или епидурален хематом)
                 VII.        Мозочни инфекции
               VIII.        Нутритивни фактори (витамин Б 12 дефицит,Wernicke-Korsakoff синдром)
                  IX.        Дегенеративни мозочни процеси